Најефикасната психолошка диета: Научете да ја храните само гладта, а не и сопствените емоции

Кармин

08/07/2024

15:45

5.634

Големина на фонт

а а а

Според истражувањата, околу 54% од луѓето во овој момент се обидуваат да ослабат. Но, она што им е потребно на сите е мотивација и разликување на физиолошката (вистинската) глад од онаа другата – емоционалната.

Емоционалното прејадување подразбира консумирање храна која не ги следи физиолошките и биолошките потреби. Станува збор за нездрав начин на исхрана кој во поширока смисла спаѓа во нарушување во исхраната.

Затоа, треба да направиме разлика помеѓу физиолошката глад и земање храна поради некоја друга причина.


Она што ја карактеризира физиолошката глад е следново:

• Се јавува постепено и се зголемува со текот на времето;

• Постои потреба од различни од различни групи намирници;

• Не постои желба, ниту идеја за одредена храна или пак оброк како единствено нешто што може да ја задоволи желбата;

• За време на оброкот се појавува чувство на ситост, што е сигнал дека треба да се престане со консумирање на храна;

• По оброкот не се јавува чувство на каење.


Емоционалната глад се дефинира на следниов начин:

• Чувство на глад кое мора веднаш да се задоволи;

• Постои потреба за одреден вид на храна;

• Личноста се прејадува и не чувствува ситост, ниту тегоби;

• После оброкот постои чувство на вина или срам.

Со храната најчесто се неутрализираат чувствата како што се тагата, осаменоста, незадоволството, фрустрацијата, внатрешниот притисок, анксиозноста, лутината, вината, несигурноста, пркосот. Меѓутоа, прејадувањето се јавува и во состојби на досада или замор, а токму тие чувства покриваат и други емоционални состојби како осаменост, празнина и тага.


Во состојба на здодевност, може да се појави желба за нешто многу слатко или многу солено, односно за нешто што наеднаш ќе го подигне нивото на шеќер во крвта и ќе предизвика ненадеен скок на невротрансмитерот поради што на кратко ќе направи да се чувствуваме подобро.

Внесот на јаглехидратите и едноставни шеќери го ослободува хормонот на среќата – серотонинот, кој има антидепресивно дејство.

Покрај тоа што ја разликува гладта, мотивацијата игра голема улога во трката за себе и губењето на килограми.

Затоа нека ве мотивира Јелена Дробњак, која ослабела 83 килограми. Започнала, како што вели, без грам верба во себе, без грам самодоверба, со многу потиснати емоции, со „живи рани на душата“, со премногу неуспешни обиди, преплашена.


„Денес таа верба која ја градев не ја давам никому. Денес знам дека нема храброст без ранливост, денес знам која сум, како и дека сум доволно добра без оглед на сè, денес знам дека после соочувањето доаѓа слободата“, објаснила Јелена која успеала да се победи себеси и нејзината емоционална глад.


Важно е да знаете дека не сте дошле на овој свет за да ги исполните туѓите очекувања. Или дека, не дај Боже, ги земате при срце осудите, погледите, презирот, дека се срамите од себе и вашето тело, дека чувствувате вина, грижа на совест, недостаток на самодоверба, ниска самопочит или задоволувањето на другите луѓе.


Потребно е да се погледнете себеси, да бидете искрени со себе и да кажете: „доста е“. Тоа е одлука. Доста е од сè што ве мачи. Потсетете се, па зарем да си дозволите себеси килограмите да ви го уништуваат животот покрај толку многу грижи на овој свет?



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk