Зохран Мамдани влезе во историјата како прв муслимански кандидат кој победи на демократските прелиминарни избори за градоначалник на Њујорк, но и како личност која успеа да собере широка мрежа поддржувачи, претставувајќи се како обичен жител на Њујорк кој живеел во Африка како дете.
Триесет и тригодишниот Мамдани неодамна се ожени со сириско-американската илустраторка Рама Дуваџи.
Но, зад политичкиот феномен Зохран Мамдани стои и неговата мајка, светски познатата филмска режисерка Мира Наир.
Мира Наир е родена во индиската федерална држава Ориса, во хиндуистичко семејство, а светската слава ја стекна со филмови кои на уникатен начин ги комбинираат источните и западните светови. Денес таа живее помеѓу Африка и САД, каде што предавала филм на Универзитетот Колумбија.
Нејзиниот дебитантски филм „Salaam Bombay!“ од 1988 година ѝ донесе номинација за Оскар во категоријата најдобар странски филм. Подоцнежните филмови, исто така, ѝ донесоа пофалби од критичарите – меѓу нив „Mississippi Masala“ (1991), кој бил снимен истата година кога се родил Зохран и во кој глумеше Дензел Вашингтон, но и „Monsoon Wedding“ (2001) и „The Namesake“ (2006).
Зохран пораснал опкружен со филмовите на неговата мајка, а Мира за „Њујорк тајмс“ раскажа дека се сеќава на моментот кога Дензел Вашингтон го држел тримесечниот Зохран во раце на црвениот тепих.
Подоцна и самиот поминувал време на нејзините филмски сетови, а работел и на музиката за филмот од 2016 година „Queen of Katwe“, за кој го создал и продуцирал саундтракот, па дури и репувал на една песна под уметничкото име Young Cardamom.

За Мира Наир браковите надвор од религиозните и културните рамки не биле непознати. Нејзиниот прв сопруг бил професорот од „Харвард“, Виктор Епстин, со кого останала во професионален контакт дури и по разводот.
Во интервју што го даде за Францускиот институт во 2019 година, Наир истакна дека раскажувањето на сопствените приказни е нејзина форма на политички активизам:
„Доаѓам од земја што беше под колонијализам повеќе од сто години. Луѓето често зборуваа во наше име. Време е да ги раскажеме сопствените приказни – на наш начин.“

За Наир, „секој филм е политички чин“. „Мора да изберете од чија перспектива се раскажува приказната, на кој јазик, со која музика. Ако еден филм успее да им биде вистинит на оние кои го препознаваат како свој, тогаш тој станува универзален. Луѓето ја чувствуваат автентичноста.“
Кога станува збор за награди, Мира освои две награди на Канскиот филмски фестивал и четири на Венецискиот филмски фестивал, а беше номинирана и за две награди БАФТА и две награди Цезар.
Во едно неодамнешно интервју, Зохран рече: „Едно нешто што ме научија моите родители… е потребата да се справувам со она што всушност се случува, наместо да се преправам дека не се случува“.
Погледот на светот на Наира, проткаен со емпатија и разбирање на различноста, силно влијаела врз Мамдани. Заедно со политичките мрежи и активистичките групи што го обликувале, уметноста на неговата мајка му дала можност да допре до публика со различни погледи на светот и да ја убеди дека промената доаѓа од приказната.

Иронично, поранешниот шеф на Нетфликс, Рид Хејстингс, инвестирал 250 илјади долари во кампањата на противникот на Мамдани, но залудно. Мамдани победи, и покрај скептицизмот од конзервативците и делови од еврејската заедница, загрижени за неговото отворено застапување за прекин на финансирањето на израелските проекти.
Судејќи според делата на неговата мајка, која секогаш бара светлина во приказните за идентитетот и правдата, можеби токму нејзиниот раскажувачки дух ќе го одведе Њујорк кон подобар, поправеден свет.