Овошје кое ги брише брчките: Го спречува раното губење на колаген, резултатите се импресивни

Кармин

05/11/2025

19:30

973

Големина на фонт

а а а

Покрај соодветната нега на кожата која го одложува појавувањето на брчките, тоа го прават и одредени намирници.

Паралелно со постојаната хидратација на организмот, добро е да му обезбедите и некои хранливи намирници, пред сѐ, овошје и зеленчук.

Дерматолозите д-р Мариза Гарсик и д-р Пол Џарод Френк избрале овошја за кои и двајцата веруваат дека може да помогнат во забавувањето на процесот на стареење на кожата.

Цитруси


Тие се изобилуваат со витамин Ц, па на секој кој сака да го одложи појавувањето на брчките му се советува да јаде што повеќе лимони, портокали и грејпфрут.

„Познато е дека витаминот Ц го поттикнува производството на колаген, штп помага за подобрување на целокупниот изглед на фините линии и брчки“, објаснила д-р Гарсик.

Боровинки

Освен тоа, д-р Френк вели дека боровинките се особено богати со витамините А и Ц, па како такви го спречуваат предвременото губење на колаген.


„Покрај тоа, тие имаат и многу антиоксиданти кои можат да ја одржат вашата кожа хидрирана и блескава“, се вели во написот неодамна објавен во „Кливленд клиник“, каде што се додава дека тие исто така можат да помогнат во контролата на нивото на холестерол и шеќер во крвта, пишува „МСН“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk