[ФОТО] Целосно поразлично, а се постигнува „wow“ ефект: Доколку сакате да привлечете погледи, облечете се како Иванка Трамп

Кармин

09/05/2024

12:17

4.099

Големина на фонт

а а а

Дали поради бојата, смелоста со која ги носи или нејзината харизма – сите ги оставила без зборови.

Ќерката на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, Иванка Трамп, се појавила на венчавката на пријател во Мексико во текот на викендот, а носела два епски фустани.

На Инстаграм, мајката на трите деца споделила фотографии од неа и нејзиниот сопруг Џаред. Таа блескала во прекрасниот, црвен фустан којшто се протегал до подот.

Истиот го истакнал нејзиниот минијатурен струк, а русокосата убавица својот изглед го надополнила со пар златни обетки и црвен кармин којшто ѝ дал доза сексапил и привлечност.

Косата ѝ била стилизирана брановидно и била одлично расположена, додека позирала пред собраните фотографи. Таа потоа на социјалните мрежи објавила фотографии со опис: „Ја славиме љубовта и магијата во Мексико“.

Фустанот на Иванка бил познат како „Handmade Plisse Silk Tille Evening Dress“ од врвниот бренд „Kristalini“.

Освен оваа прекрасна црвена креација, првата ќерка на господин Трамп споделила уште едно модно издание од спомнатата венчавка.

Фустанот којшто таа го облекла бил мини варијанта од претходниот и се протегал до над колената. Со него искомбинирала сандали на висока потпетица со сензационални ремчиња кои ги истакнале нејзините стапала и ѝ дале доза на елеганција.

Наместо брановидната коса овојпат таа сакала да постигне изглед на деловна жена, па и фризурата била во тој стил.

Оваа 42-годишна жена минатата седмица носела уште еден неверојатен фустан. Таа со Џаред била забележана во четвртокот навечер како шета во Мајами. Парот бил елегантно облечен и изгледал како да оди на состанок, судејќи по нивната раскошна облека и држењето за раце.

Иванка повторно облекла мини фустан, овојпат во смела сина нијанса на боја. Иако истиот бил многу краток сепак ја истакнал нејзината фигура на тело и направил да изгледа совршено.

Ви се допаѓаат ли модните комбинации на Иванка Трамп?



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk