Доколку имате чувство дека просторот ве „гуши“, тоа значи дека треба да го преуредите, развеселите со внесување на детали кои повикуваат на одмор. Добра енергија во домот се постигнува доколку просторот е хармонизиран. Просторот треба да ја разбуди нашата желба за повторно да се вратиме во него.
Според Фенг Шуи упатствата и народните верувања, подобро е да не ги чувате овие работи во вашата куќа. Наводно, носат несреќа или ја задржуваат лошата енергија во домот.
Според верувањата на Фенг Шуи, ви ги претставуваме работите кои во домаќинството носат беда и сиромаштија и не треба да се чуваат:
Според Фенг Шуи, скршените работи треба да се исфрлат од домот, а особено искршените часовници. Тие наводно укажуваат на немили настани во иднина.
Кинеското верување вели дека црната врата повикува на лоша среќа во вашиот дом, но не и доколку е свртена на север.
Доколку не сте ја свртеле страницата на тековниот месец или доколку вашата ознака за датум останата е на погрешно место, тоа не е добро, вели едно старо суеверие. Календарот е симбол на текот на времето, а доколку го користите на погрешен начин, наводно може да има негативно влијание врз вашиот живот.
Садовите, според кинеското верување, симболизираат богатство и семејство. Доколку јадете од скршени чинии, потсвесно ги повикувате проблемите во вашиот живот. Затоа, кога нешто ќе напукне – фрлете го.
Внесуваат негативна енергија во домот.
Исто како и вештачките цвеќиња, се смета дека носат лоша среќа, па според Фенг Шуи и тоа треба да се исфрли од домот – што побрзо.
Старото верување е дека отровниот бршлен кој лази покрај куќата носи лоша несреќа.