Консумирала кокаин на 14 години, поради долг ја силувале 48 часа: Тоа што оваа жена го преживеала ниту на најлошиот непријател не би му го посакале

Кармин

14/05/2024

10:32

26.849

Големина на фонт

а а а

Актерката Даниела Вестбрук се борела со употребата на дрога многу години, признавајќи дека своето прво консумирање на кокаин го направила кога имала само 14 години, а стигнала на насловните страници поради разорувачките ефекти од зависноста кои ги имала врз нејзиниот изглед.

Откако дрогите ја уништиле, Даниела очајнички се обидувала да се врати во првобитната состојба, меѓутоа од низата естетски операции ситуацијата само се влошувала.


Некогаш успешната актерка е на мета на исмејување, додека на Инстаграм се фали со своето ново лице кое претрпело сешто низ годините.

Инаку, актерката признала дека консумирала кокаин, а поради тоа останала без носниот септум.

„Консумирав дрога и додека бев бремена. Се породив на подот од тоалетот, а кога почнаа болките зедов кокаин. Бев во ужасна состојба, никој не можеше да ми помогне“, раскажала таа во едно интервју.


Тешките животни околности ја натерале да тргне по тие патишта, меѓутоа таа се соочила и со други моменти. Имено, во својата книга таа открила дека била силувана 48 часа поради долгови, а деталите од истото се повеќе од грозни.

„Им должев пет илјади фунти. Влегоа во мојот дом и бараа пари кои ги немав. Потоа ме киднапираа, ме одведоа во стан во близина на мојот дом и ме силуваа 48 часа. Се менуваа и ме дрогираа за да не им избегам“, напишала во своите мемоари, а Даниела наводно досега потрошила 250 илјади евра на недозволени супстанции.


Поради тоа што пороците биле дел од нејзиниот живот, тоа на нејзиниот изглед оставило големи последици, а многумина коментираат дека на 50 години таа изгледа многу постаро.

Инаку, актерката се прослави во текот на 90-тите во серијата „East Enders“ и за многумина беше една од омилените.




Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk