Том Круз од 2013 година не сака да ја види својата ќерка Сури, која ја доби во бракот со Кејти Холмс. Таа сега одлучила да се откаже од неговото презиме.
На овој чекор се одлучила неодамна, откако го прославила својот 18-ти роденден. Според американските медиуми, таа сега се потпишува како Сури Ноел. Вака е наведена во поставата на бродвејскиот мјузикл „Head Over Heels“ во кој глумеше на почетокот на овој месец.
Таа сега е полнолетна, може сама да одлучува и извори блиски до оваа тинејџерка велат дека едно е кристално јасно: Том Круз не постои за неа.
„Сури повеќе не го познава својот татко. Не поминува време со него веќе 10 години, не ги гледа неговите филмови, а ниту тој не учествува во нејзиниот живот“, рекол извор минатата година.
Ноел е средното име на нејзината мајка Кејти Холмс, која се разведе од Том во 2012 година. Леа Ремини, актерка која порано практикувала скиентологија, во едно интервју изјави дека скиентолозите ја сметаат Кејти за непријателка.
Том од таа причина не сака да ја види својата ќерка. Како што е познато, Кејт и Сури, за разлика од Том, никогаш не сакале да бидат членови на Скиентолошката црква.
Непосредно пред разводот на оваа актерска двојка, некои членови на Скиентолошката црква се вселиле во нивниот дом, поради што Кејт била крајно загрижена и решила да поднесе барање за развод.
„Том се чувствува виновен што пропуштил многу во животот на својата ќерка, но тврди дека не ја исклучил целосно од својот живот и дека добива новости одвреме- навреме“, тврди извор за американските медиуми.