Фенг Шуи правило за среќа и успех во домаќинството: Овие три растенија мора да ги имате во вашиот дом

Кармин

15/05/2024

17:33

13.376

Големина на фонт

а а а

Вештината да живееме во хармонија со средината во која живееме и да привлекуваме позитивна енергија е суштината на популарната кинеска вештина за уредување на просторот – фенг шуи.

На тој начин ќе обезбедиме среќа и благосостојба за целото наше семејство кое живее во тој простор.

Според филозофијата на фенг шуи, основата на добрата енергија во домот се растенијата, кои носат не само позитивна енергија и рамнотежа, туку и различни видови среќа.


Со оглед на тоа дека љубовта, среќата и успехот се трите работи кои луѓето ги бараат во животот, еве кои растенија ќе ви помогнат во тоа.

Зумбул

Зумбулите често се поврзуваат со позитивни симболи како среќа, просперитет и љубов. Доколку ги одгледувате во вашиот дом или градина, можете да внесете позитивна енергија во вашиот живот.


Испуштаат сладок и привлечен мирис, кој може да ја подобри атмосферата во домот. Нивниот смирувачки мирис ќе ве повика на неколку моменти опуштање. Користете зумбули во вашиот ритуал на медитација.

Пролетни нарциси

Во некои култури, нарцисите се сметаат за симболи на среќа. Се верува дека нивното присуство во куќата или градината може да привлече просперитет и успех. Поради нивната едноставна убавина и белите или жолти ливчиња, понекогаш се поврзуваат со чистота и невиност.


Нарцисите неретко се поврзуваат со обновување, повторно раѓање и почеток на нови поглавја во животот. Тие го симболизираат почетокот на нов циклус и можност да се доживеат позитивни трансформации.

Фрезија

Различните бои на фрезијата може да се толкуваат како симболи на оптимизам и почеток, носејќи среќа на оние кои ги негуваат или им се восхитуваат.

Пролетните фрезии имаат уникатен, сладок мирис кој ве прави сонливи. Ова кревко растение ќе ви испрати порака дека имате храброст да дадете сè од себе во секој момент од животот.


Овие три цвеќиња лесно садат бидејќи се во форма на лукчиња, на длабочина од приближно 10-15 см. Доколку правилно се грижите за нив, можете да уживате во нивната арома цела пролет, а може и да издржат и до следната година, кога повторно ќе процветаат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk