Сите се прашуваат што се случува со сопругата на Златан Ибрахимовиќ: Многумина се шокирани како изгледа на 53-годишна возраст

Кармин

22/04/2024

15:19

5.531

Големина на фонт

а а а

Хелена Сегер е сè освен обична жена! Таа веќе била позната и многу успешна жена кога го запознала својот сопруг Златан Ибрахимовиќ.

Нејзиниот силен карактер е нешто што ја издвојува од сите припаднички на понежниот пол - таа не губи многу време за средување, работи од својата 13-та година, изградила своја империја, а нема ни куќна помошничка. Сепак, нејзините последни фотографии оставија многумина без зборови, бидејќи оваа атрактивна русокоса изгледа сè подобро и помладо!

Имено, Хелена папараците ја фотографирале како сама ужива во шопинг во Милано, а изненадува и фактот што во рацете носела ќеса од „Zara“, односно сопругата на славниот фудбалер купува во продавница во која може да се најдат многу достапни парчиња гардероба.


Со овој потег, се чини, таа уште еднаш покажа дека воопшто не е типична богаташка и сопруга на славен фудбалер. Луѓето од нејзината околина истакнуваат дека таа е своја од мала, и дека никогаш не била роб на трендовите. Напротив, секогаш можеме да ја видиме во стилови кои изгледаат многу удобно - а фармерките, белата маица, капата, патиките и добрата чанта се нејзини фаворити со децении наназад.

Од друга страна, таа повторно воодушеви многумина со својот изглед - нејзината руса коса била бујна и совршено стилизирана, сè уште нема ни грам вишок, а дури и во прилично опуштено издание изгледала многу привлечно. Многу дами истакнале дека никогаш не би носеле ваква „по малку машка комбинација“, но дека таа ја изнела на совршен начин.


Секогаш се поставува прашањето што прави Хелена за во 6-та деценија од животот да изгледа волку добро, но мораме да ве разочараме, не станува збор за никаква тајна.

Иако имала одредени естетски зафати на себе, сè било направено со мера, односно само уште повеќе ја истакнала нејзината сексапилност и убавина. Сепак, две работи се клучни за нејзиниот младешки изглед и совршената фигура на 53-годишна возраст – редовен тренинг и здрава исхрана со многу малку „грешки“.


Поранешната актерка и модел е висока 170 сантиметри, нејзината тежина со години варира помеѓу 52 и 55 килограми. Таа открила дека, всушност, го одржува својот одличен изглед на едноставен и јасен начин и дека секогаш следи само три правила:


1. Редовно оди на тренинзи.

2. За време на вежбањето секогаш користи тегови, бидејќи така полесно ги „затегнува“ мускулите и ја одржува фигурата.

3. Многу внимателно избира што ќе внесе во своето тело и се труди што поретко да јаде нездрава храна.

Велат дека Златан и до ден-денес „ѝ јаде од рака“, а важи за елегантна и отмена дама која сака луксузен живот, но само додека напорно работи за да ужива во него.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk