Од сите награди и признанија кои ги освоил во животот, тој за најголем успех ја смета неа: 52 години долга љубов на актерот кој Балканот го обожува

Точка

02/05/2024

17:00

9.336

Големина на фонт

а а а

Легендарниот актер освоил БАФТА и ЕМИ награди, изградил успешна повеќедецениска кариера, станал сер, но доколку го прашате, најголемиот благослов во неговиот живот е што во 1972 година ја запознал жената со која денес ги поминува своите подоцнежни години.

Познатиот англиски актер Дејвид Суше изградил голема кариера, добил бројни признанија и светска препознатливост, одликуван е со Орден на Британската империја за придонес во уметноста и културата, а кај нас најмногу е познат како неповторливиот детектив Херкул Поаро.


Иако повеќе актери го оживеале познатиот лик од романот на Агата Кристи, Суше станал синоним за овој шармантен детектив, а го глумел во периодот од 1989 до 2013 година.

Една од ѕвездите за чиј приватен живот никогаш не се зборувало ниту знаело премногу, а тој секогаш како една од најважните работи за себе секогаш го истакнувал тоа што млад ја пронашол љубовта на својот живот – познатата актерка Шила Фарис.


Суше во светот на актерството влегол преку театарот, кога во 1969 година играл во театарот „Гејтвеј“ во Честер, со кој гостувал насекаде низ Англија.

Така, во 1972 година, едно од патувањата го одвело во Ковентри, каде што играл во познатиот „Белградски театар“.

Оваа институција името го добила по Белград, бидејќи Ковентри и тогашниот главен град на Југославија биле „градови близнаци“, а на почетокот на изградбата на театарот, Белград на Конвентри од Србија му ветил буково дрво како подарок.

Во секој случај, актерот ја запознал Шила, тогаш млада и театарска актерка, а не им било потребно долго време да се вљубат. Уште на прв поглед, тој бил занесен по младата колешка, а подоцна раскажал дека му требало малку време да ја убеди да излезе на вечера со него.


Се венчале 4 години подоцна, на 30 јуни 1976 година и заедно добиле две деца. Прво, во 1981 година, по 9 години љубов, се родил нивниот син Роберт, кој станал капетан на Кралските маринци, а потоа во 1983 година и ќерката Кетрин, која денес е почитувана физиотерапевтка.

Пред неколку години, принцот Вилијам го прогласил Суше за витез, а најголем впечаток на актерот на кој му била доделена честа, оставило однесувањето на неговата сопруга, која во текот на целата церемонија плачела од среќа и гордост, а потоа негодувала дека се срами што дозволила да им се препушти на емоциите …


Актерот, кој денес го прославува својот 78-ми роденден, во последните години снима значително помалку од претходно, единствено кога не може да одолее на некоја улога, а секако, се обидува што повеќе време да помине и со неговата Шила.

„Не сакам повеќе да работам претстава по претстава“, изјавил Суше во 2019 година.

„Би сакал повеќе време да поминувам со сопругата, која всушност ми овозможи да имам ваква кариера.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk