Одбројувањето до Мет Гала 2024 започна – претстојниот настан е најважната модна манифестација во годината.
Настанот традиционално се одржува во музејот Метрополитен во Њујорк, каде се организира модна ревија на познати личности и хуманитарна вечера, а истиот е придружен со изложба во Институтот за костими.
Голема чест е кога Ана Винтур, водечката дама на настанот наречен Мет Гала, ви ја доверува улогата на домаќин, а оваа година честа ја добија Зендаја, Крис Хемсворт, Бед Бани и Џенифер Лопез.
Џеј Ло направи вистински моден бум во последните години. На нејзиниот имиџ се посветува уште поголемо внимание од порано, а забележливи се нејзините напори и напорите на нејзините стилисти да создадат уникатен моден стил и од неа да направат икона на стилот.
Мислењата за тоа колку се успешни во таа намера се поделени, но влијанието што Џенифер го има на модната и воопшто светската сцена е огромно.
Џеј Ло во минатото беше чест гостин на Мет Галата. Оваа забава е како ретроспектива на нејзиниот љубовен живот, па така на црвениот тепих ја гледавме со поранешните партнери, поранешниот сопруг Марк Ентони и поранешниот вереник Алекс Родригез. Љубовта доаѓа и си заминува, а Џенифер Лопез се враќа на модниот настан на годината.
Се очекува пејачката оваа година да се појави со Бен Афлек, иако не е исклучено да дојде и во соло верзија.
Таа приреди и неколку модни промашувања на Мет Галата, а некои од нејзините модни изданија од минатото сигурно не ѝ се допаѓаат на Ана Винтур. Но, нејзиниот моден стил стана многу подобар, а црвениот тепих во музејот Метрополитен го чува сеќавањето на вистинската еволуција на нејзината мода.
Џеј Ло минатата година носеше многу провокативен фустан, со длабоко деколте, додека во 2015 година го претстави едно од највпечатливите изданија, појавувајќи се во гол фустан и во друштво на Ким Кардашијан. Во споредба со новите провокативни фустани, тој нејзин стајлинг е дури и одмерен.