Речиси сè направила сама: Мајка на две деца фантастично го уредила својот дом, погледнете ја трансформацијата

Кармин

02/05/2024

18:35

6.889

Големина на фонт

а а а

Лиз Голдинг од Ферфорд, Глостершир, е љубителка на „направи сам“ методот на уредување на домот. Таа старинската куќа со 4 спални соби, која датира од 60-те години на минатиот век, ја реновирала до непрепознатливост – сама.

Со исклучок на помошта во водоинсталатерските работи во бањата и тоалетот, Лиз сама ги направила сите останати промени во домот. Додека нејзините деца биле на училиште, таа полирала, боела, лепела, реновирала со чекан и длето...

Кога семејството ја купило куќата во 2020 година, насекаде имало излитени теписи, ѕидовите биле прекриени со престари цветни тапети, а старинските завеси го блокирале погледот кон живописното англиско село. Било очигледно дека никој не ја уредувал куќата неколку децении.


Голдинг дури 2 години трпеливо работела на секој агол од куќата за да ја претвори во нејзиниот дом од соништата. Таа купувала мебел на попуст во онлајн продавници или во продавници со користена роба.

„За да ги намалам трошоците за реновирање, речиси целата работа ја презедов сама. Се научив како да го преуредам домот со помош на туторијали од Јутјуб, но и со системот на обиди и грешки“, била искрена Лиз.

Изгледот на домот не го промениле само новите бои, тапетите и теписите, туку и растенијата – оние вистинските, но и вештачките. За Лиз Голдинг нема место кое растенијата не можат да го разубават. Тие красат сè – од дневната соба до бањата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk