[ФОТО] Ќерката на фаталната југословенска актерка изгледа како филмска дива: Убавата Лана го извлекла „генетскиот џекпот“

Кармин

17/04/2024

11:00

10.724

Големина на фонт

а а а

Никој не успеа да ја надмине актерката Ена Беговиќ по харизмата и убавина, се чини, до денес. Таа била позната како голема дама со отмен стил, додека нејзиниот љубовен живот постојано предизвикувал бура во јавноста.

Меѓутоа, никој не очекувал дека во моментот кога ќе стане мајка и најсреќна жена на светот – ќе го загуби животот. Зад неа останала нејзината наследничка Лана Радељка, тогаш бебе од 45 дена, а сега згодна и образована девојка од 24 години.


Нејзината мајка загина на 15 август 2000 година во сообраќајна несреќа кај Брач, а тој датум за неа никогаш нема да биде лесен и по повеќе од 2 децении. Таа се обидела да ја запознае Ена преку фотографии, улоги и приказни на блиски луѓе, но љубовта која ја чувствува кон неа ѝ дава сила да го живее животот со полна пареа.

Додека растела, поголемиот дел од времето го поминувала во кругот на семејството, а Миа Беговиќ, актерката и сестра на Ана, била како нејзина втора мајка. Таа се појавувала на настани посветени на Ена, но никогаш не давала изјави за медиумите.


Луѓето од нејзината околина истакнуваат дека таа многу потсетува на својата покојна мајка, како по заносната убавина, така и по однесувањето. Веќе на 13 години Лана добила понуда да се појави на филмското платно, но одлучила да живее подалеку од рефлекторите, обидувајќи се да ја зачува својата приватност. Иако е многу млада, таа не е голем љубител на социјалните мрежи, а образованието секогаш ѝ било на прво место.



Лана завршила приватно основно училиште, а потоа го посетувала Британско меѓународно училиште во Загреб. Желна за нови предизвици, ја променила својата образовна институција, па завршила во елитната XV Гимназија во Загреб.


Потоа одлучила да се пресели во Милано и таму да ги продолжи студиите. Дипломирала на престижниот италијански универзитет „Bocconi“ на отсекот економија и менаџмент.


Лана била плод на голема љубов. Имено, во доцните 80-ти Ена го запознала Јосип Радељак, електроинженер и богат бизнисмен од Сплит, нејзината фатална љубов, но и поранешен сопруг на актерката Беба Лончар.


Јосип и југословенската дива го кажале судбоносното „да“ во нивниот дом во Загреб на Цветниот плоштад во јуни 2000 година, само две недели пред на свет да ја донесе нивната ќерка, на 1 јули 2000 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk