Холивудската актерка низ солзи го најавила повлекувањето како последица на болеста: „Имам рани на мозокот, ова е најлошата работа...“

Кармин

28/03/2024

19:00

4.770

Големина на фонт

а а а

Познатата холивудска актерка ќе престане да снима филмови и серии во формат во којшто претходно беше гледана.

Актерката Кристина Еплгејт открила повеќе детали за својата здравствена состојба.

Ѕвездата во понеделникот во епизода од поткастот на Дакс Шепард, за својата борба со мултипла склероза рекла дека има 30 лезии на мозокот кои ги споредила со рани од херпес.

„Така, имам рани на мојот мозок“, изјавила актерката, па додала: „Најголемата се наоѓа зад десното око, така што окото многу ме боли“.

Актерката исто така спомнала дека понекогаш добива „напади“ во мозокот, додавајќи: „Не бев среќна поради сѐ што се наоѓа во мојот мозок. Доколку мислите дека само седам тука со 20 лезии во мојот мозок... Не е забавно да се дружите со нив“.

Според клиниката во Кливленд, лезиите на мозокот се во областа на оштетеното мозочно ткиво кое „може да го наруши начинот на којшто работи вашиот мозок, предизвикувајќи широк спектар на симптоми, како што се слабост, нарушување на едно или повеќе сетила и конфузија“.

Мултиплата склероза е една состојба која може да предизвика лезии во мозокот, спомнале од клиниката.

Кристина Еплгејт имала симптоми на мултипла склероза 6-7 години пред дијагнозата.


На Еплгејт ѝ била дијагностицирана оваа болест додека работела на третата сезона од серијата на „Netflix“ – „Dead to Me“, а вестите за својата дијагноза ги споделила во текот на 2021 година.

Таа во поткастот размислувала за тоа дека нејзината борба со болеста е борба за живот и дека таа не е сигурна дали ќе биде меѓу живите за 10 години.

„Ова е најлошата работа која некогаш ми се случила во мојот живот“, признала актерката, па додала: „Толку ја мразам состојбата и толку сум лута поради тоа. Не можете да го надминете сето тоа“.

Иако актерката не ги нагласила тешкотиите со својата борба, изразила жалење што јавно го задржала ставот додека се борела против канцер на дојка во 2008 година.


Во интервју со Робин Робертсон во тоа време, Еплгејт која правела двојна мастектомија, се пошегувала дека после реконструктивната операција ќе има слатки гради до 90-тата година.

Актерката вели дека во тоа интервју лажела за тоа како се чувствувала во врска со ситуацијата.

„Станав и се потпрев на ѕидот, па плачев зошто сето тоа беше лага. Сѐ што зборував беше лага. Јас се обидов да се убедам себеси во нешто и мислам дека тоа никому не му беше корисно“, рекла актерката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk