[ВИДЕО] Д-р Рајовиќ за децата без емпатија: „Нивниот мозок не функционира добро, почнуваат да се појавуваат екстремни примери и ги има сè повеќе“

Кармин

20/04/2024

15:03

9.150

Големина на фонт

а а а

Д-р Ранко Рајовиќ, специјалист по интерна медицина, магистер по неврофизиологија, автор на програмата НТЦ кој предава во различни делови на Европа и основач на Менса во регионот, меѓу другото, за српски поткаст зборува и за недостатокот на емпатија кај децата и вели дека се појавуваат сè повеќе екстремни примери.

Нивниот мозок не работи добро, почнуваат да се појавуваат екстремни примери и ги има сè повеќе, вели д-р Ранко Рајовиќ, специјалист по интерна медицина, магистер по неврофизиологија, автор на програмата НТЦ кој предава во различни делови на Европа и основач е на Менса во регионот, во српскиот поткаст „Агеласт“ во кој, меѓу другото, зборува и за недостатокот на емпатија кај децата.

„Кога имаат проблем со емпатијата, тие не се снаоѓаат. Реагираат поинаку, се чудиме како немаат емпатија. Ним деловите од мозокот не им функционираат добро. Тие не поврзуваат информации, немаат чувство за други луѓе, само сетете се на Ерик Фром, а јас ќе завршам со Доситеј Обрадовиќ кој велел: „Научете ги децата на добрина, од тоа зависи светот. Да преведеме, научете ги децата на емпатија, од тоа зависи иднината на државата, деца без емпатија, тоа е пропаст на државата. И ќе повторам, сè зависи од тоа да ги научиме младите на добрина. И тоа е тоа“, порачал Рајовиќ.

Тој зборува и за тоа што треба да учат сите деца на училиште.


„Училиштето не е за тие да учат математика и физика, туку за да развиеме комплетна личност, способна да размислува, да поврзува, да помага. Некои ќе скршнат кога ќе пораснат, па некои ќе одат во криминал, некои не знам каде, но сме ги развиле и сме издржале од 14 до 18 години. Но, ако сите скршнат од патот на 12 или 14 години, каква надеж имаме. Нема многу такви деца без емпатија. Но, екстремните примери почнуваат да се појавуваат и ги има сè повеќе, тоа е проблем, дури и три или четири проценти се многу. Тоа никогаш не било така. И ќе повторам, децата не се наш проблем, туку на родителите и мораме да им објасниме некои работи на родителите, па тие ќе им објаснат на децата. И не можеме да дојдеме до децата, родителите треба да си го направат својот дел, затоа и се родители. А кој му ја поставува границата на детето? Па родителите. Ако детето нема граница, дали знае само да си ја создаде? Не може. Ќе ги изгубиме децата. Тоа е суштината на таа приказна“, вели Рајовиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk