Психолог открива три работи кои сите тинејџери треба да ги слушнат од своите родители

Кармин

26/04/2024

11:15

4.399

Големина на фонт

а а а

Адолесенцијата е предизвикувачки период за тинејџерите бидејќи поминуваат низ бројни физички и емоционални промени.

Во овој турбулентен период, родителите играат клучна улога во поддршката и разбирањето на нивните деца. Важно е тие активно да градат и одржуваат блиски односи со своите тинејџери, што вклучува отворена и искрена комуникација. Затоа, детскиот психолог Кетрин Халиси истакна три важни фрази кои на секој тинејџер му требаат и сака да ги слушне од своите родители.

„Те сакам онаков каков што си“.

„Сакам да поминувам време со тебе“.

„Те сакам без разлика на се“.

Вашите тинејџери треба да ги слушнат овие зборови од вас. Дури и ако веќе сте ги кажале, кажете им повторно“, истакна психологот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk