Се запознале на урнебесен начин, веднаш знаел дека е вистинската: Сопругата на најпосакуваниот маж со грчко потекло е успешна актерка

Кармин

25/03/2024

19:17

9.534

Големина на фонт

а а а

Поради тоа што атрактивниот актер со грчко потекло нема обичај да зборува за приватниот живот, многумина не знаат дека тој е оженет веќе шест години, а неодамна го добил и второто дете.

Изминативе седмици меѓу најпопуларните серии на светот е „Gentleman“ на Гај Ричи, заснована на истоимениот филм од 2019 година која во центар на внимание го врати актерот којшто со години е познат како еден од најатрактивните уметници на денешницата.

Станува збор за британскиот актер Тео Џејмс којшто го гледавме и во серијата „White Lotus“, а којшто освен тоа што има неверојатен талент за глума изгледа неверојатно.

Сепак, на разочарување на голем дел од девојките ширум светот, Тео со години е во среќен брак, а срцето му го украла една актерка.

Сопругата на Тео Џејмс од „Gentleman“

Станува збор за Рут Карни, ирската ТВ-ѕвезда која се појавила во неколку успешни серии: „Flaked“, „Get Shorty“, „Sandition“...

Во времето кога не можел ни да помисли каков успех ќе постигне, Тео одел во училиштето за актерство „Bristol Old Vic“, каде ја запознал Рут и тоа на многу необичен начин.

Како што актерот открил за „Evening Standard“ пред неколку години, првпат ја здогледал својата денешна сопруга додека и двајцата носеле костими со кои се преправале дека се глувци.

„Да! Бевме и жаби! Работевме на некои работи со животни“, се присетил низ насмевка актерот.

Како што истакнал тој, не му требало многу време да сфати дека ја сретнал единствената жена.

„Таа е многу оптимистична, обѕирна и духовита... Прилично рано сето тоа имаше смисла“, објаснил актерот.

Парот бил во повеќегодишна складна врска, а во 2018 година се венчале. Сепак, поради тоа што ја чуваат својата приватност, не е познато ни кога точно се случила церемонијата ни како изгледала.


Додека Џејмс не користи социјални мрежи, Рут се труди да не ја експонира нивната приватност и семејниот живот јавно, но познато е дека двапати станале родители: прво во 2021 година добиле ќерка, а потоа на уште едно дете во 2023 година.

Парот живее на релација Калифорнија-Англија, а додека Тео гради голема кариера во филмовите и сериите, Рут моментално е посветена на семејството, па немала ниту една улога од 2020 година кога играла во шест епизоди од серијата „Finding Joy“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk