[ФОТО] Порасна синот на Џони Деп: Има 22 години и луѓето се во неверување кога ќе го видат! Го наследил ставот на татка си, но нималку не личи на него – испреплетувањето на гените е чудесно

Кармин

18/03/2024

15:30

15.778

Големина на фонт

а а а

И додека ќерката на Џони Деп, Лили Роуз, е позната ширум светот, со оглед на тоа што и самата е актерка и зад себе има веќе неколку забележани улоги, неговиот 22-годишен син, Џек Деп, успеал да остане под радарот на јавноста.

Овој млад човек не е заинтересиран да ги следи стапките на своите родители, затоа и живее подалеку од рефлекторите, но со оглед на тоа што е активен на социјалните мрежи – не може да остане во потполност незабележан.

Да потсетиме, Џони Деп своите две деца ги добил за време на врската со француската актерка Ванеса Паради. Парот бил заедно 14 години пред да се разделат во 2012 година. Сепак, тие останале во пријателски односи поради Лили Роуз и Џек, а токму поради нив актерот ја водеше познатата судска битка против Амбер Херд.


Како што и самиот изјавил, сакал да го „испере својот образ“ поради своите наследници.

Поранешната пар ги одгледувал своите деца далеку од очите на јавноста, па многу повеќе време поминувале во Франција, каде што им било полесно да живеат анонимно. „Навистина ги држиме подалеку од камерите, бидејќи не сакам нашите деца да бидат принудени да ја делат нашата слава против своја волја. Тие тоа не го побараа“, изјавила Ванеса во 2007 година.


И додека Лили Роуз сепак продолжила по стапката на своите родители, Џек се одлучил за мирен, „обичен“ живот. Сепак, овој 22-годишник ја обожува уметноста, свири гитара во бенд и се занимава со сликање.

Инаку, тој е роден како Џон Џек Кристофер Деп III, но со оглед на тоа дека името го дели со татко му и дедо му, сите едноставно го нарекуваат Џек. Тој има изразито спортски стил на облекување, а физички е мешавина од двајцата родители и не наликува впечатливо на ниту еден од нив.


Холивудскиот актер има тетоважа посветена на неговиот син, на која е испишано името „Џек“. Тетоважата со врапче е слична на онаа на неговиот лик Џек Спероу од „Пиратите од Карибите“.

Иако приватниот живот на ова момче не е познат на јавноста, се знае дека во текот на 2020 година се забавувал со француската манекенка Камил Јенсен во 2020 година.


Сепак, парот набрзо раскинал, а оттогаш младиот Деп добро го крие својот љубовен живот.

За него не се познати повеќе детали, освен дека е во блиски односи со сестра си, но и со родителите. „Моите деца слушаат најмалку 75 пати дневно дека ги сакам“, своевремено изјавил Џони.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk