Дневната соба е срцето на секој дом и просторијата во која поминуваме најмногу време, па затоа повеќето луѓе инвестираат најмногу во неа. Постојат голем број начини и украсни детали со кои можете да го разубавите просторот, но еве што велат дизајнерите на ентериер - што никогаш не треба да зафаќа простор во вашата дневна соба.
Лучана Фраџели, дизајнерка на ентериер од Мајами, која се занимава со овој бизнис веќе 15 години, за „Бизнис инсајдер“ открила четири грешки кои дневната соба „не ги поднесува“ и кои ја нарушуваат нејзината удобност и привлечност.
„Килимот ја менува фокусната точка на просторијата и додава визуелен допир што го прави просторот попристоен и удобен“, вели Фраџели.
Таа додава дека подот, без разлика дали е паркет или ламинат, е повеќе склон на оштетување кога не е заштитен со теписи и дека теписите прават просторот да изгледа попривлечен.
Ова не е пожелна опција, тврди Фраџели. „Јас лично никогаш не ја разбрав нивната употреба. Не само што не се естетски пријатни, туку не успеваат доволно да ја осветлат дневната соба и да го извлечат максимумот од дневната светлина“, вели таа. Наместо тоа, таа препорачува класични ролетни.
Полиците можат да дадат посебен шмек на просторот, па затоа не смеат да останат празни.
Полиците за книги се омилена работа на многу дизајнери на ентериер, открива Лучана, но тврди дека тие никогаш не треба да бидат празни. Дури и една празна полица остава погрешен впечаток кај гостите и имплицира дека ви недостасува инспирација и креативност.
Фраџели тврди дека постери, печатени принтови или налепници со мотивациони пораки можат да направат вашиот простор да изгледа „евтин“ и неоригинален.
„Кога ќе ги видам зборовите „живеј, смеј се, сакај“ на нечиј ѕид, како дизајнерка на ентериер буквално полудувам од бес“, вели таа и советува наместо тоа да ја украсите дневната соба со поп-арт или дела од концептуална уметност.
Доколку не сакате да ја расипете внатрешноста на вашата дневна соба, оваа дизајнерка советува да прескокнете пластично овошје во чинии како декор, животински глави на ѕидовите, чување старо оружје на ѕидовите како експонати.
Исто така истакнува дека т.н. футони, односно софи со дрвена основа множат да бида многу неудобни, но од аспект на естетика изгледаат многу шик.