Овој едноставен рецепт за чоколадни триаголници е совршен за сите љубители на слатки. Комбинацијата од сочно чоколадо, сок од портокал и крцкави бисквити ќе создаде вкусен десерт кој ќе го обожувате.
Подготовката е брза, а резултатот е неверојатно вкусен.
200 гр шеќер
100 мл сок од портокал
130 гр путер
300 гр мелени бисквити
300 гр чоколадо
Во поголемо тенџере ставете ги шеќерот и сокот од портокал и варете ги на средна температура додека шеќерот целосно се растопи. Откако ќе се растопи шеќерот, додадете ги путерот и чоколадото. Мешајте додека да се растопи чоколадото и смесата да се соедини.
Отстранете го тенџерето од огнот и додајте ги мелените бисквити. Добро измешајте за сè убаво да се соедини.
Оставете ја смесата малку да се излади за полесно да ги обликувате во триаголниците. Во меѓувреме обложете го металниот калап со фолија и приготвената смеса ставете ја во калапот.
Калапот се става во фрижидер неколку часа, додека смесата да стане цврста. Откако ќе се излади и стврдне, извадете го колачот од фрижидер и исечете го на триаголници со саканата дебелина.
Доколку сакате да додадете дополнителни состојки како желе бонбони или бадеми, направете го тоа откако ќе ги додадете мелените бисквити во смесата, а исто така на крајот триаголниците можете да ги полеете со чоколадо.