Рецепт на денот: Рижото со печурки, идеален ручек за лица со дијабетес

Точка

09/02/2025

14:02

5.083

Големина на фонт

а а а

Дијабетесот не значи дека треба да се откажете од вкусните јадења.

Со внимателен избор на состојки, дури и класичните рецепти може да се адаптираат за поздрава исхрана.

Рижото со печурки (за четири лица)


Состојки:

• 120 гр ориз од цело зрно

• 60 гр излупен кромид

• 300 мл пилешка супа

• 30 гр путер

• 40 гр рендан пармезан

• 200 гр бели печурки


• 200 гр кафени печурки

• Мелен пипер

• Лажица сецкан магдонос

• 10 мл масло

• Сол

Подготовка:

1. Истурете ја пилешката супа во тенџере, загрејте ја додека не зоврие, а потоа додадете го оризот од цело зрно. Гответе, покриено, на средна топлина додека не омекне, додавајќи вода доколку е потребно.

2. Во тава на малку масло пропржете го сечканиот кромид, додадете половина од путерот и кратко пропржете со мешање.

3. Додадете ги исечканите бели и кафени печурки и пржете додека течноста не испари.


4. Додадете го сварениот ориз, кратко промешајте, па зачинете со сол и бибер.

5. Додадете го преостанатиот путер и пармезанот, измешајте и посипете со магдонос.

Послужување:

Рижото, кое е погодено за лица со дијабетес, послужете го без леб, заедно со порција свежа салата. Уживајте!



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk