Ставете ги во овој дел од станот и процветајте заедно со нив: 5 растенија кои треба да ги чувате во „аголот на љубовта“ – еве зошто

Кармин

29/03/2023

17:52

6.703

Големина на фонт

а а а

Во секој стан има агол во кој треба да се стави растение, ако сакате љубов – според фенг шуи.

Според законите на фенг шуи, постојат растенија кои привлекуваат пари, а некои можат да привлечат и љубов.

Ако сакате да ја запознаете сродната душа, да привлечете љубов и да ја искусите среќата, пред сè треба да знаете дека во секој дом постои агол полн со љубов.


Тој се наоѓа во југозападниот дел на вашиот дом. Најдобро е да го направите во најоддалечената просторија десно од влезната врата.

Најидеално би било тоа да е вашата спална соба, бидејќи тоа е просторијата најпогодна за привлекување љубов.

Кога ќе отркиете каде се наоѓа во вашиот дом „аголот на љубовта“, во него ставете некое од овие цвеќиња.

Спатифилум

Според верувањата, на невенчана девојка треба да ѝ се даде ова растение и таа наскоро ќе ја сретне својата сродна душа, а од друга страна, ако ова растение ѝ го подарите на новомажена жена, наскоро штрковите ќе го „посетат“ нејзиниот дом.


Најдобро е да се чува спатифилумот во саксии со темни бои кои симболизираат плодност, земја и посветеност.

Палми

Палмите привлекуваат љубов и позитивна енергија, а идеални се доколку треба на некој начин да ја поделите просторијата.


Ако ги ставите во шарен сад или саксија, ќе ги активирате сите фенг шуи елементи што недостасуваат во собата.

Циклама

Ова растение привлекува љубов и хармонија и позитивно влијае на добрата комуникација во врските, па затоа е идеално за брачни парови.


Се препорачува и за осамени луѓе, кои долго време бараат сродна душа, бидејќи се верува дека цикламата ќе ви помогне да го направите вистинскиот избор во љубовта.

Орхидеи

Орхидеите привлекуваат љубов и ги продлабочуваат пријателствата, а Старите Грци ги поврзувале со плодност.


Хибискус

Името на ова растение е и кинеска роза, а според фенг шуи симболизира „љубовен магнет“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk