Пред отворањето на Канскиот филмски фестивал, организаторите одлучија да ги заострат правилата во врска со облекувањето на црвениот килим, пишува Дејли Мејл.
Фестивалот започнува утре, а новите правила бараат од дамите да бидат повнимателни при изборот на нивните свечени комбинации.
Во последните години, некои учеснички привлекоа големо внимание избирајќи ги таканаречените „голи“ фустани. За да се обезбеди поголема „пристојност“, организаторите одлучија да забранат вакви модни комбинации оваа година.
„Голотијата е забранета на црвениот килим, како и во другите области каде што се одржува фестивалот“, пишува во официјалната одлука, објавена од странските медиуми. Исто така, беше нагласено дека пристапот до фестивалот ќе биде оневозможен за секој кој не ги почитува новите правила.
Сè уште е непознато дали телевизиските куќи кои го емитуваат настанот имале какво било влијание врз оваа одлука.
Потсетуваме, 78-то издание на фестивалот ќе се одржи од 13 до 24 мај.