[ФОТО] Доживеала „нервен слом“, па ја однела титулата божица на Мет гала: Ким Кардашијан во црн кожен фустан го освои Њујорк

Кармин

06/05/2025

12:14

3.893

Големина на фонт

а а а

Ким Кардашијан синоќа на Мет галата одржа модна лекција и ги доби сите симпатии од присутните и јавноста.

Откако првпат во 2013 година се појави на Мет гала со тогашниот сопруг Канје Вест, реалити ѕвездата Ким Кардашијан секогаш е главна тема на овој настан, а за нејзините модни изданија се зборува со денови, но некогаш и со месеци.

Едно од нејзините највпечатливи модни изданија на Мет гала кое наиде на остри критики, секако е она од 2022 година кога го носеше легендарниот фустан на Мерилин Монро од 1962 година.


Меѓутоа, судејќи по она што можевме да го видиме на црвениот тепих овојпат, очигледно е дека Ким Кардашијан е на пат да ја освои титулата божица на Мет гала.

Сепак, додека не почнала да позира пред фоторепортерите, ѝ се случил еден пех. Ким, доживеала вистинска драма кога вработен од обезбедувањето случајно ѝ стапнал на фустанот поради што за малку ќе го скинел. Таа во афект нешто му рекла и било видно дека е многу бесна.


Како што пишуваат странските медиуми, луто го погледнала, а потоа влегла во комби со кое отишла до музејот. Како вистински професионалец, штом стапнала на црвениот тепих, позирала како ништо да не се случило.

Ким Кардашијан синоќа носела кожен фустан од брендот „Chrome Hearts“.

За да одговори на овогодишната тема, Кардашијан одлучила да носи тесен фустан со асиметрично деколте кој во горниот дел имал тесен корсет.


Фустанот одзади имал длабок изрез и три слоеви на дијамантски ланчиња со кои го разбила монохроматскиот изглед. Дијаманти носела и околу вратот.

Оваа прекрасна креација била инспирирана од стилот на Афроамериканците од 30-тите и 40-тите години на минатиот век, односно од нивните дела, па заради тоа Кардашијан носи и шешир којшто покрива половина од нејзиното лице.


Овој моден избор ја истакнал нејзината женственост, додека шеширот додал малку острина.

Што се однесува до шминката Кардашијан се одлучила за природни тонови. Исто така и фризурата не ѝ била нападна, била стилизирана брановидно.



Ви се допаѓа ли оваа модна комбинација на Ким Кардашијан?


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk