Како правилно да се одржува мебелот за градина: Што смее да се мие, а што никако не треба да оди „под вода“

Точка

11/05/2025

13:51

1.010

Големина на фонт

а а а

Со доаѓањето на потоплите денови многумина веќе го поставиле мебелот за градина на терасата или во градината. Секој го избира видот на мебел според својот вкус, но најважно е пред употреба, тој да се заштити од неповолни временски услови, за да изгледа што е можно поубаво и да трае што е можно подолго.

Грижата не е тешка, само треба да се следат неколку правила.

Перење

Секој градинарски мебел, без оглед на материјалот, прво треба добро да се измие. Направете го тоа со благ детергент, избегнувајте силни хемикалии. Можете да користите и четка за заби за помали пукнатини. Исплакнете со чиста вода и на крај избришете со сува крпа и оставете да се исуши.


Мебел од тврдо дрво

Ако стои на сонце, може да избледи, а на дожд добива пукнатини. По темелно миење, мора да биде потполно суво за да се премачка со специјално масло за секаков вид дрво. Добро измешајте го маслото пред употреба. Нанесете го со четка, крпа или валјак и почекајте 15-20 минути за дрвото да го впие. После тоа, отстранете го вишокот со чиста впивлива крпа и исполирајте го мебелот со мека крпа за да му дадете сјај.


Ратан гарнитури

И природниот и вештачкиот ратан не само што е убав, туку е и многу цврст и флексибилен материјал, добро издржува промени во температурата и влажноста. Синтетичкиот полиратан доволно е само да го исперете и исушите, додека со природниот ратан, направен од тропски растенија, мора да бидете повнимателни. Прво, отстранете ја калта или прашината со четка со поцврсти влакна или пак со правосмукалка. Откако ќе го измиете со добро исцедена крпа и детергент, доволно е да го исушите со крпа.

Трска и бамбус

Недостаток на овој мебел е што има тенденција да се искриви од употреба или влага. Многумина го бојадисуваат со боја за дрво. Оние пак на кои им се допаѓа природната боја на трска и бамбус, откако добро ќе го измијат со меки четки, прибегнуваат кон негова заштита со лак за дрво. Нема многу голем сјај, дава впечаток на природност, но постапката мора да се повторува секоја година.


Ковано железо

Прекрасниот материјал кој изгледа божествено во градините, но е склон кон ’рѓа и корозија. Ако не сте го складирале на соодветно место во текот на зимата, прво ќе треба да го исшмирглате на местата каде што се појавила ’рѓа, да нанесете заштитен прајмер и на крај да нанесете најмалку два слоја трајна емајл боја. Премазите треба да бидат тенки, а по боењето се препорачува употреба восок за железо. Тоа ќе помогне мебелот помалку да собира прашина и нечистотија.


Пластичен мебел

Најевтин и најлесен за одржување, со перење со детергент, а кога пластиката ќе се излупи или пукне, упатете се до продавница по нов.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk