Без разлика дали станува збор за гламурозен фустан или за секојдневна модна комбинација, едно е сигурно – нејзе сè совршено ѝ стои!
Актерката Ева Лонгорија, која не толку одамна направи забава за својот 50-ти роденден, беше фотографирана за време на нејзиното појавување во Париз. Фотографите веднаш ја забележаа омилената џебна Венера и брзо го фотографираа нејзиното невообичаено издание.
Имено, наместо шик модна комбинација, која познатите ѕвезди генерално ја избираат за јавно појавување, Ева се одлучи за малку полежерна варијанта. Некои дури би рекле дека таа облекла комбинација „за по дома“.
Како што можете да забележи, актерката носела комплет во беж боја – плетено макси здолниште и џемпер од ист материјал. Стајлингот го надополни со шминка во „nude“ тонови, како и со брановидна фризура.
Со ова појавување актерката уште еднаш докажа дека модните правила не важат за неа, и дека дури и најобичната модна комбинација може да биде вистинскиот избор за јавно појавување.