Во бело од глава до пети: Поиграјте се со текстурите и силуетите и изгледајте елегантно во секоја прилика

Кармин

26/07/2021

14:39

2.921

Големина на фонт

а а а

Од едноставни фустани и прозрачни ленени парчиња до бели маички и бели фармерки како летно издание на популарната едноставна класика, ова лето искористете ја едноставноста на белите нијанси.

Освен што лесно се комбинира со сите бои и дезени и изгледа одлично на исончан тен, белата боја е летен избор кој носи освежување во гардероберот.

За да го извлечете најдоброто од вашите бели парчиња, комбинирајте ги заедно и создадете едноставен, целосно бел изглед, погоден за секој летен ден. Бидејќи белата боја ќе внесе минималистичка едноставност во белите летни комбинации, поиграјте се со текстурите, силуетите и најновите трендови за да им дадете интересен изглед.

Како црните и другите неутрални тонови, белата е одличен избор за експериментирање со спојување на навидум неспојливото. Искомбинирајте го елегантниот летен фустан со омилениот пар патики, свилена кошула со искинати фармерки, романтични карнери со груба текстура на лен итн.

Како да ги искомбинирате вашите омилени бели парчиња кои веќе се наоѓаат во вашиот ормар на нов и возбудлив начин? Во продолжение ви претставуваме идеи како да ги претворите наједноставните летни бели модели во неодолив летен изглед:



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk