Има 60 години и порачува дека убавината нема рок на траење: Ова е новата Мис Буенос Аирес

Кармин

26/04/2024

09:41

5.597

Големина на фонт

а а а

Алехандра Мариса Родригез, која има 60 години и по професија е новинарка и правничка, е прогласена за нова Мис Буенос Аирес. Таа ја понесе титулата за најубава жена во Буенос Аирес и на 25-ти мај ја очекува натпреварот за Мис Аргентина за Мис Универзум.

Досега на вакви избори за убавина се натпреваруваа убавици од 18 до 28 години, но во јуни 2023 година старосната граница беше укината, па Алехандра добила можност да заблеска на престижниот избор за најубава жена. Според новите правила, потребно е само убавиците да бидат полнолетни, а Алехандра победила во конкуренција со многу помлади девојки.

„Почестена сум и многу возбудена поради освоената титула. Сакам да им покажам на сите жени дека убавината не е врзана за годините и дека можеме да ги надминеме сите пречки“, им порача таа на сите дами.

Својот младешки изглед го одржува со редовна физичка активност и здрава исхрана, како и со нега на кожата на телото и лицето. Она што се знае за нејзиниот приватен живот е дека е разведена и живее сама, а се пошегувала дека можеби оваа информација придонела за нејзината победа.


„Верувам дека луѓето ја забележаа мојата самодоверба и страст и желбата да ги претставувам жените од мојата генерација. Убавината нема рок на траење. За да бидете убави, потребно е само да верувате во себе и да бидете свои“.

Многумина се надеваат дека Алехандра ќе заблеска и на претстојниот натпревар и ќе победи на изборот за Мис Аргентина.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk