Тие се гламурозни во секоја прилика: 5 модни трикови кои секоја Италијанка ги знае

Кармин

09/04/2021

10:30

2.230

Големина на фонт

а а а

Многумина сметаат дека Париз е градот во кој се дефинираат нови модни трендови кои подоцна се прошируваат низ сите светски модни метрополи. Но, некои сметаат дека титулата „модна престолнина на светот“ сепак ја заслужува Милано.

Како доказ за ова тврдење, тие го наведуваат беспрекорниот стил на жителите на овој град, особено дамите.

Италијанките отсекогаш знаеле како да се облекуваат, а еве кои модни трикови им овозможуваат да изгледаат толку атрактивно.

Тие не се плашат да носат премногу накит

Ретко кога ќе забележите некоја Италијанка со само еден прстен или една нараквица. Освен тоа, тие сакаат да ги комбинираат парчињата накит на необични начини и воопшто не се плашат дека ќе бидат предмет на потсмев ако претераат во својата оригиналност.

Никаде не излегуваат без очила за сонце

Очилата за сонце се важен аксесоар за Италијанките. Тие задолжително ги носат со себе каде и да одат, а поседуваат најразлични модели - од наједноставни до најекстравагантни. Дамите од оваа земја исто така знаат дека добрите очила не секогаш мора да бидат скапи.

Тие обожуваат тесни фармерки

Италијанките обожуваат да ја истакнуваат својата фигура. Затоа секоја од нив има барем еден пар тесни фармерки во својот ормар, дури и кога тие повеќе не се во тренд како што е денес случај во многу земји од светот.

Италијанките ретко носат најлонски хулахопки

Ретко ќе забележите некоја Италијанка во најлонски хулахопки, дури и кога на себе носат високи чизми. Токму од таа причина, тие овој модел на обувки воглавно го носат кога времето е убаво.

Обожуваат да го истакнуваат својот струк со ремен

Без разлика дали носат фустан или панталони, дамите во Италија се трудат својата комбинација да ја надополнат со одговарачки ремен. Тие немаат специјални претпочитања кога станува збор за овој аксесоар, па така подеднакво носат и широки и тесни, и впечатливи и дискретни ремени.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk