Три начини да ја вратите позитивната енергија во вашиот дом

Кармин

21/09/2020

14:35

3.462

Големина на фонт

а а а

Дали ви се случува расположението драстично да ви се расипе во моментот кога ќе стигнете дома? Ако одговорот е позитивен, причината може да биде тоа што вашиот дом е преполн со негативна енергија.

Кога еднаш ќе влезе во домот, лошата енергија се впива во сите делови на домот - во ѕидовите, мебелот... Но, за среќа тоа можете да го промените и тоа со овие три совети.


Ослободете се од нередот

Работите како стари часописи и валкана облека можат да наталожат доста негативна енергија во домот. Ослободете се од сите непотребни работи, оние кои стојат, а всушност не ви требаат. Масата чувајте ја чиста и уредна, валканата долна облека ставајте ја во корпа предвидена за тоа, не ја расфрлајте по цела куќа. И валканите чинии нека не се собираат. Нека ви биде домот чист, посебно влезот и влезната врата, за позитивната енергија да може без проблем да 'влезе' во вашиот дом.


Прераспоредете го мебелот

Важно е да имате предвид дека енергијата во просторот треба да се троши, а тоа не е можно ако таа е пренатрупана и блокирана со различен мебел. Според кинескиот метод за уредување на Фенг Шуи, распоредете го просторот така што ќе биде отворен и простран. Добро уредениот мебел помага да се исфрли негативната енергија од куќата.


Внесете живи растенија во домот

Растенијата во домот внесуваат бои, живот и позитивна енергија. Тоа нека не биде отсечено цвеќе во вазна, туку оние во тегли кои мора редовно да ги полевате и да се грижите за нив. Обрнете внимание на тоа дека некои растенија привлекуваат лоша енергија - оние кои имаат остри делови или трња. Затоа секогаш бирајте растенија кои не се шилести, туку пријатни на допир. На пример, заоблено растение симболизира раст и напредок во животот и поттикнува позитивни вибрации во домот. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk