Four Twenty Two: Биоразградливи хулахопки со алое вера кои ја штитат планетата, но и вашата кожа

Кармин

12/11/2019

14:14

3.858

Големина на фонт

а а а

На оваа земја има 7,5 милијарди луѓе за кои се произведуваат над 80 милијарди нови парчиња облека годишно, a по глава на жител низ целата планета се пресметани 17,5 кг текстилен отпад. Оваа листа има уште многу точки кои само ќе го потврдат фактот дека модната индустрија е вториот најголем загадувач, веднаш по нафтената индустрија.

Живеењето во овој свет на екстремно брза модна индустрија мотивираше група од млади и еколошки свесни луѓе да создадат производ кој во основата ги има карактеристиките да направат промена во иднината на животната средина и навиките на потрошувачите.  

Фактот дека годишно секоја жена во светот во просек фрла 13 пара хулахопки кои завршуваат на депониите и за кои е потребно околу 50 години да се разградат беше првата искра која го инспирираше тимот на For Lady да создаде производ со кој ќе го даде својот придонес во борбата против загадувањето.


Имајќи го долгогодишното семејното искуство во производството на трикотажа, тие успеаја да го искомбинираат искуството и модерната технологија и да ја создадат последната иновација во модната индустрија:

Биоразградливи хулахопки со алое вера и антибактериско својство

Револуционерен производ кој ја има можноста да се разгради во био-маса за само 5 години по неговата употреба и со тоа да придонесе за намалување на загадувањето на светско ниво.


Но, тие не застанале тука – исто така им нудат дополнителен бенефит на нивните купувачи со развивањето на специјална Алое вера формула која е вткаена во предивото, давајќи му на овој производ божествен козметички ефект, со што финалниот производ ќе ѝ понуди негувана кожа и свеж изглед на секоја дама. Од друга страна пак, за дополнително да придонесат во заштитата на животната средина, одбрале пакување кое е FCS сертифицирано, односно преку кое придонесуваат за грижата за шумите ширум светот. Внатрешната страна на пакувањето ја искористиле за едукативни факти и бројки за модната индустрија како загадувач и мотивирачки пораки за промена на навиките на потрошувачите.


Сето ова во комбинација ги создаде првите 40-денски биоразградливи хулахопки со Алое вера и антибактериски ефект под името „Four Twenty Two”, производ именуван според денот посветен на нашата планета. Така, годинава For Lady со поддршка од Фондот за иновации го пласира овој уникатен производ на домашниот и светскиот пазар. Во моментов производот е достапен во три бои: black, nut и sun-kissed и во 5 големини (XS, S, M, L, XL) за интернет нарачки преку https://fourtwentytwo.eu/, односно официјалната веб страна преку која сите домашни нарачки ќе добијат 65% попуст при селектирање на нашата земја како место за достава, а производите ќе биде дистрибуирани со хибридни возила со кои сакаат да придонесат во борбата против загадувањето на воздухот. Планирано е овој производ набрзо да биде достапен и во потенка и подебела варијанта, како и надополнување на палетата на производи со доколенки и детски хулахопки. За сите идни производи од брендот „Four Twenty Two” како и за многу интересни факти и информации за загадувањето кое го предизвикува модната индустрија и како секој од нас може да придонесе во намалување на истото следете ги на Facebook - @4twentytwo, Instagram - @four_twenty_two и Twitter - @FourTwenty_Two.


Па дами, време е НИЕ да го направиме првиот чекор.

Додека тимот на Four Twenty Two прави сѐ што е во нивна моќ и се грижи да ги одржува вашите нозе затегнати, а вашата кожа свежа и негувана, вие дами сте задолжени да ја чувате нашата планета зелена и незагадена.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk