10 фотографии кои ќе ве инспирираат на терасата да ѝ додадете барем малку виолетова боја

Кармин

07/05/2024

15:34

5.182

Големина на фонт

а а а

Виолетовата боја завладеа во модниот свет, ентериерот, екстериерот, па поради тоа секаде е добредојдена.

Потемните нијанси на виолетовата боја се како создадени за постуденото доба од годината, а во текот на пролетта и летото нѐ привлекуваат посветлите нијанси на оваа женствена, енергична боја.

И балконот е совршено место кое може да го уредиме со виолетова боја, без оглед дали станува збор за цветовите, декоративните детали или мебел.

Виолетовите петунии или други видови цветови ќе бидат непогрешлив избор кога станува збор за балконските цвеќиња, а прекрасно изгледаат и теглите за цвеќиња во виолетова боја.

На големите љубители на виолетовата боја можеби ќе им се допадне идејата ѕидот од балконот да го обојат во таа боја или да се заштитат од погледите со виолетови завеси или во своите неколку метри квадрати простор на отворено да вметнат некој покрупен детаљ во таа боја.

Виолетовата совршено се комбинира со зелената, па зеленилото ќе биде смирувачко благодарение на виолетовата боја, а контрастот на тие две бои на вашиот балкон во отворената оаза ќе биде неодолив.

Погледнете ги фотографиите:




Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk