[ФОТО] Актерката која ја обожувавме во детството во 36-тата година го доби своето четврто дете: Се породила дома, сите детали од породувањето споделени на социјалните мрежи

Кармин

08/05/2024

17:01

12.982

Големина на фонт

а а а

Хилари Даф на 3 мај станала мајка по четврти пат и тоа вчеравечер го обелоденила на нејзиниот „Инстаграм“ профил.

Актерката и нејзиниот сопруг Метју Кома го добиле нивното трето заедничко дете, додека таа од претходниот брак има син.

Холивудската ѕвезда која добро е позната на нашата публика, се породила дома и тој настан го прикажала на „Инстаграм“.


Хилари Даф добила ќерка по име Таунс Медоу Бејр. Фотографиите кои ги гледате се направени од страна на Стефани Ентин од „Little Plum Photo“. За 12 часа фотографиите имаат 1,2 милиони лајкови.

„Таунс Медоу Бејр, сега знаеме зошто нè натера да чекаме толку долго … Таа ги усовршувала тие образи. Сонував да те држам со месеци, а последните пет денови на запознавање, набљудувајќи те и мирисајќи те беа мигови на чиста магија. Сите те сакаме како отсекогаш да си била тука“, порачала Хилари Даф (36), која во декември минатата година открила дека е бремена.


Да потсетиме, актерката и нејзиниот сопруг Метју Кома (36) ги имаат ќерките Бенкс (5) и Меј (3), кои исто така ги родила во домашни услови. Хилари Даф со поранешниот сопруг Мајк Комри го добила синот Лука (12).



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk