[ФОТО] Лицето на Донатела Версаче е главна тема на Мет галата: Најновите кадри од црвениот тепих ја откриваат болната вистина за славната Италијанка

Кармин

07/05/2024

09:44

18.495

Големина на фонт

а а а

Донатела Версаче синоќа била меѓу бројните присутни на Мет гала 2024 година.

На интересен начин таа го испочитувала „дрес кодот“ во мини фустан, но погледот кон нејзиното лице е нов доказ дека одамна кажала „не“ на природното стареење и природната убавина која ја красела.


Сестрата на култниот дизајнер Џани Версаче спаѓа во најекстремните примери за пластична хирургија и тоа е неизбежно очигледно.

Креативната директорка на модната куќа „Версаче“ постигнала моден погодок на Мет галата, а таа одамна донела одлука да направи промени на своето лице, па за жал и денес не се откажува од таа идеја.


Како што поголем дел од луѓето коментираат, не требало да биде така. Промените во изгледот на креативната директорка на модната куќа „Версаче“ се вбројуваат во најдрастичните трансформации во светските јавни личности.

Се поставува прашањето поради што сестрата на култниот дизајнер Џани Версаче којшто беше убиен пред својата вила во Мајами во 1997 година, одлучила од корен да го смени личниот опис.


Кога ќе се случат вакви големи трансформации, тоа прашање е неминовно и важно е да се постави. Експертите истакнуваат дека зад екстремниот број естетски и пластични корекции секогаш стојат големи проблеми кои не се решаваат во хируршката сала.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk