[ВИДЕО] Класичниот и традиционален еликсир: Како зелениот чај може да помогне во губењето тежина?

Кармин

07/05/2024

17:08

3.550

Големина на фонт

а а а

Во светот на тренди решенијата за слабеење може лесно да се падне во стапицата на најновите верзии за диета, но понекогаш најдоброто нешто што треба да направите е да се вратите на класичните, испробани и вистински еликсири – како зелениот чај.

Зелениот чај, кој како лек се користи уште од древно време, носи низа придобивки за целото тело, а се покажал и корисен кога станува збор за слабеењето.

Докторот Вилијам Ли, признат автор на „Eat To Beat Disease“ (Јади за да ја победиш болеста), неодамна фрли светлина врз неверојатните придобивки од зелениот чај за зајакнување на метаболизмот во видеото на TikTok. Според него, овој вкусен антиинфламаторен чај би можел да ви помогне да ги ослободите маснотиите и да го одржите метаболизмот дури и во средните години.


Д-р Ли започнува со истакнување на тајното оружје на зелениот чај: катехините. Тој објаснува: „Зелениот чај има полифеноли наречени катехини. Тие помагаат да ги ’запалиме‘ нашите кафени масти за да ги согориме штетните бели масти“. Кафената маст е тип на маснотии што ја разградува гликозата, додека белите масти складираат дополнителна енергија, премногу од оваа бела маст е она што може да доведе до дебелина.

За да ги добиете целосните придобивки од зелениот чај, д-р Ли препорачува дневна доза од 3 шолји. Тој советува: „Препорачувам околу 3 шолји зелен чај дневно. Така добрите работи почнуваат да се случуваат во вашето тело“.


И иако тоа може да звучи како многу, тој нè потсетува дека чајот секогаш може повторно да се употреби: „Листот чај или кесичката чај всушност може да се користи повторно и повторно. Не мора да го фрламе и да земаме сосема нова шолја“.

Ова значи дека можете да продолжите да додавате топла вода во кесичката чај и да си пиете цел ден.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk