„Мама има ново момче“: Четири совети за детето полесно да ја прифати маќеата или очувот

Кармин

28/05/2019

20:10

1.688

Големина на фонт

а а а

„Тато има нова девојка“ или „Мама има ново момче“ е многу голема вест и често збунувачка за децата.

А кога таткото или мајката ќе почнат да живеат со новиот партнер, тогаш почнуваат предизвиците. Маќеата, односно очувот мора да изгради однос со детето, што во повеќето случеви и не е така лесно и едноставно. Ви носиме совети за тоа како на детето, но и на дополнителната родителска фигура да им го олесните создавањето на тој посебен однос.

1. Дадете си време да развиете добар однос со детето.

Развивање на добар однос одзема време, особено ако детето е пред адолесценција или во тинејџерскиот период. Истражувањата покажале дека на дете до 5 годишна возраст му се потребни една до две години за да се поврзе со очувот или маќеата.


Децата често се збунети од новите односи во семејството и во исто време можат да им се допаднат или да не им се допаднат промените кои новиот член на семејството ги носи во нивниот живот. Важно е на децата да им се даде информација за тоа што се случува и истовремено простор и време за да ги сфатат своите чувства со ваша поддршка.

„Како што се важни чувствата на децата, така се важни и вашите. Затоа, разбудете ги и своите чувства за новонастанатата ситуација, бидејќи вашите чувства влијаат на чувствата на детето. Со оглед на детската природна лојалност и поврзаност со биолошките родители, ако забележите дека детето сè уште не ве прифатило во целост, можно е тоа да е поврзано со споменатиот однос кон биолошките родители.“

Дозволете му надетето да има време кое ќе го помине само со биолошките родители. Понекогаш едноставно тргнете се накратко и дозволете му на детето да ги има родителите само за себе. Кога ќе види дека вие не сте му ја „земале“ мајката, односно таткото, порано ќе почне да ве почитува.


2. Поврзаноста со биолошките родители може да влијае на новиот однос.

Децата често се емоционално растргнати кога во нивниот живот влегува маќеа или очув и доколку ве сакаат, можат да се исплашат дека ако ве засакаат - тоа ќе ги повредат нивните биолошки родители. Таквите чувства можат да резултираат со тоа детето да го затвори своето срце и да биде непослушно.

Како би му помогнале полесно да се носи со тие чувства:

- дадете му на детето до знаење дека е во ред да остане поврзано првенствено со биолошкиот родител и поттикнете контакт со неговиот родител;
- никогаш не го критикувајте биолошкиот родител, бидејќи на тој начин ќе го саботирате мислењето на детето за вас;
- не се обидувајте да го замените биолошкиот родител, сметајте се за дополнителна родителска фигура во животот на детето и едноставно бидете свои. 

3. Дружете се тројцата, но не секогаш.

Ако детето е отворено кон вас и сака и физички контакт, како прегратка, бакнеж и слично, немојте да го лишите од тие искази на нежност и блискост. Ако пак е резервирано кон вас, немојте да инсистирате.


„Важно е да ги почитувате личните граници да детето, како што е важно да му дадете до знаење и за вашите граници, односно што ви е во ред, а што не“, советуваат психолозите.

4. Опуштете се и бидете трпеливи.

Можеби тоа е тешко да се направи во ситуација во која вашиот однос со детето не напредува, но прифатете го фактот дека тие работи не може да се забрзаат, како што никого не можете да натерате побрзо да засака. Прифатете го интензитетот на вашиот моментален однос и не престанувајте да верувате дека со текот на времето ќе станете поблиски.

Во меѓувреме може да работите на следниве насоки за да ја зајакнете поврзаноста:

- Водете сметка за активностите на детето, интересирајте се за неговите училишни активности како и вонучилишни активности, однесете го детето на тренинг, помогнете му околу пишување на домашните задачи, учењето...

„Разговарајте со детето за тоа како би сакале да бидете вклучени во тој аспект од неговиот живот и прашајте го на кој начин би му било во ред да се вклучите. На тој начин се почитуваат детските лични граници и се уважува ритамот на развој во меѓусебниот однос“, потенцираат тие.


- Водете сметка за тоа дека постои време за да се дружите сите тројца и време кога детето се дружи само со биолошките родители.

„Ако детето не сака ниту еден момент да помине насамо со биолошките родители една година после вашиот заеднички живот, тоа би можело да предизвика разни непријатни чувства.“

- Споделете ги вашите таленти, вештини и интереси со детето и покажете интерес кон она што него го интересира и во што е вешто. Ако знаете да свирите на гитара и детето го интересира тоа, дајте си време за да го научите барем основните акорди. Ако детето сака одредена книга или видеоигра, кажете му да ви зборува за неа. Заедничките интереси се одлично средство за меѓусебно поврзување.

„Разговарајте со детето за своите интереси и таленти, па ако детето покаже интерес, подучете го тоа.“



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk