Некогашниот супермодел Кристи Бринкли е сопственичка на совршено лице и тело кои не оддаваат колку години има таа.
Жената која е прогласувана за дама со најубава насмевка на светот некогаш ги освојуваше модните писти, а денес ѝ завидуваат жените ширум светот бидејќи успева да го одржи младешкиот изглед.
Кристи ги воодушевила своите следбеници на Инстаграм, објавувајќи фотографија во бикини, а многумина се прашувале како изгледа волку добро.
Тајната на нејзиниот изглед е во режимот на исхрана кој се темели на разновидно овошје и лиснат зеленчук со редовна физичка активност.
Оваа убавица е вегетаријанец од својата 13-та година, како и нејзините три деца. Понекогаш јаде риба, но истакнува дека не може да одолее на парче моцарела.
Трчањето ѝ е најомилена активност, но сака да вежба и со тегови.
Денот го започнува со чаша топла вода со неколку капки лимон. Обично појадува овесни снегулки со ленено семе, а потоа јаде шака боровници прелиени со јогурт.
За ручек обично јаде салата од разновиден зеленчук и намирници богати со протеини. Вечерата ѝ е резервирана за тестенини спремени на многу начини, а омилени ѝ се со лук, маслиново масло и брокула.