Брук Хоган наводно е отстранета од тестаментот на нејзиниот татко, легендарниот борач Хулк Хоган кој почина минатата недела на 71-годишна возраст, но се чини дека не е премногу загрижена од одлуката.
Според „ТМЗ“, самата ѕвезда на ријалити-шоуто „Брук знае најдобро“ побарала да биде отстранета од тестаментот уште во 2023 година. Се вели дека не им верувала на луѓето околу нејзиниот татко и не сакала да се вклучи во потенцијалниот финансиски хаос.
Се очекува Брук сè уште да добие дел од приходите од полисата за животно осигурување на Хулк. Таа планира да ги искористи парите за да го финансира образованието на своите деца на колеџ. Судбината на остатокот од имотот на Хоган останува непозната.
Инаку, Брук (37) и Хулк, чие вистинско име е Тери Џин Болеа, биле отуѓени неколку години пред неговата смрт поради голем број проблеми, вклучувајќи го и неговиот наводен однос кон неа. Сепак, таа објави трогателна изјава по неговата смрт.
„Крвта на мојот татко тече низ моите вени. Неговите очи светат низ моите деца. И нашата врска никогаш не се поколеба, дури ни во неговите последни моменти. Имавме врска подлабока од зборови, која траеше цел живот. Многу сум благодарна што ја познавав вистинската верзија од него. Не само онаа што ја презентираше на светот. Делевме тивка, света врска, таква што секој што нè виде заедно можеше да ја почувствува“, напиша таа покрај објавата.
Извори претходно открија дека Брук се чувствувала „благодарна“ што можела да му каже „Те сакам“ на својот татко за време на нивниот последен разговор. Тој разговор наводно се случил во септември 2023 година, околу времето кога Хулк се оженил со својата сопруга, Скај Дејли. Извор близок до семејството Хоган изјавик дека и покрај нивното отуѓување, имало многу љубов меѓу нив.