Женски парфеми коишто мажите ги обожуваат

Кармин

17/05/2019

15:10

2.101

Големина на фонт

а а а

Парфемите се нешто лично иако можеби ви делува дека не е така. Веројатно веќе знаете дека еден парфем нема да мириса исто на две личности колку и да бидат тие слични меѓу себе.

Хемијата на нашето тело е многу едноставна па со самото тоа на единствен начин ги обработува сите состојки кои ги содржи парфемот претворајќи ги во алхемија и мирис кои нè опиваат.

Секој од нас нас има свој омилен парфем или неколку омилени кои ги избира за одредени пригоди. Некои се секојдневни како мали потсетници кои оставаат трага каде и да поминеме. Други се за формални пригоди кога сакаме да оставиме посилен впечаток, додека пак третите се сензуални, најсилни и најмоќни како вистински афродизијак, “фрлајќи ги на колена“ сите оние личности кои сакаме да ги освоиме со својата моќ.

Ви ги претставуваме 11 најдобри нови женски парфеми кои што мажите ги обожуваат:

1. Lost Cherry Eau de Parfum - Tоm Ford

Заводлив, сладок и сензуален парфем направен за оние кои не би го ни допреле овошниот мирис.


2. Attrape-Reves – Louis Vuitton

Со името кое се преведува како ловец на сонови, овој Луис Витон парфем со својата магија ќе го претстави магичното чувство на поминувањето на времето.


3. Women Eau de Parfum Spray - Calvin Klein

Најновиот Келвин Клеин парфем има иста леснотија и дизајн како и сите други кои се дел од овој бренд, но малку е посладок, малку поблаг и помалку цветен.


4. Beautiful Belle Eau de Parfum - Estee Lauder

Доколку уживате во мошусните мириси, но не сакате да купите ист парфем повторно, пробајте го Beautiful Belle, сигурни сме дека ќе ве воодушеви на прв поглед.


5. JOY by Dior – Dior

Новиот парфем на Диор ни носи среќа како што зборува и неговото име.


6. Bloom Nettare di Fiori – Gucci

Овој парфем претставува сè она што сакавме кај оригиналниот Гучи Блум парфем, но во прекрасно снежна итерација.


7. Amo Ferragamo Eau de Parfum - Salvatore Ferragamo

Исто како декадентна слатка во која уживаме кога никој не нè гледа, овој парфем е сладок грев.


8. Les Eaux de Chanel Venise – Chanel

Совршен за секој ден од годината, овој парфем со ноти на ванила ќе ве воодушеви и ќе ви пробуди спомени на некое минато време кога и да го помирисате.


9. Carat Eau de Parfum – Cartier

Енергијата на кристалот во парфемот е предизвик кој само Картиер може да го совлада.


10. Princess Eau de Parfum – Kilian

Уметноста во шишенцето е синтагма со која се опишува овој парфем кој е гурмански, а истовремено лесен како пиење на зелен чај со ѓумбир.


11. Fleur D'Argent - Miu Miu

Последната итерација на славниот парфем креирана е како уште позаводлива, сензуална и класично женствена.




Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk