Студија докажа: Овој контроверзен начин на воспитување деца е најделотворен

Кармин

23/07/2025

15:00

1.824

Големина на фонт

а а а

Новата британска студија открива дека јасните правила и емоционалната поддршка се клучни за успешно воспитување на дете.

Долгогодишното истражување „SEED“ кое од 2013 година следи речиси 6.000 деца, покажало дека т.н. авторитетен начин на воспитување е најделотворен за децата.

Што е авторитетен начин на воспитување на децата?

Станува збор за рамнотежа меѓу структурите и нежноста. Родителите им поставуваат граници на децата, но со топол и стимулативен однос. Децата кои се воспитувани во овој стил, од 7 до 11 години, се покажале како подобро успешни во училиште и посилни во емоционалниот развој.


За разлика од попустливиот или премногу строг пристап, оваа „златна средина“ на детето му дава чувство на сигурност и јасна насока.

Децата кои неделно поминуваат барем 10 часа во структурирани активности, како градинка, имаат подобри резултати во лингвистиката и математиката. Со помош на членовите од семејството или приватни професори, исто така позитивно учат.

Стабилно опкружување поважно од перфекционизмот

Меѓутоа, овие правила не важат доколку нема хармонија во семејството. Децата чии родители покажуваат високо ниво на стрес или агресија, имаат тешкотии при емоционалниот развој.

Освен тоа, психолозите предупредуваат и на опасност од „нарцисоидно родителство“ (родителот, успесите на детето ги доживува како сопствени). Таквиот притисок може да ја загрози самодовербата на детето.


Не е крај

Студијата продолжува со своето истражување до 2029 година и ќе даде поубедлив увид во овој вид на родителство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk