Потегот на Дуа Липа ги разочара фановите: "Разгалена дива"

Кармин

21/02/2019

10:31

4.224

Големина на фонт

а а а

Дуа Липа имаше најмногу номинации на Британските музички награди, но фановите тврдат дека успехот ѝ удрил во глава и дека почнала да се однесува како разгалена дива.

The Sun пишува дека Дуа Липа го отстранила своето име од вратата на својата гардероба и се заклучила со цел фановите да не можат да ѝ приоѓаат. 

View this post on Instagram

? @brits 2019 ?

A post shared by Dua Lipa (@dualipa) on

"Гардеробата на Дуа беше веднаш до спа салонот кој се наоѓаше зад сцената што значеше дека голем број на луѓе поминуваа таму за да се подготват за шоуто. Но, таа јасно даде до знаење дека не сака да биде таму откако останатите гости доаѓаа, ја поздравуваа и ѝ посакуваа среќа", вели анонимен извор.

"На крајот ја затвори вратата и го отстрани името од вратата за никој да не знае дека таа е внатре. Луѓето зборуваат дека се однесувала како разгалена дива", велат изворите.

Сето тоа се случило една недела подоцна откако британската поп сензација со косовско потекло ги освои првите две Греми награди.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk