На 10 години знаела дека е најпаметната жена на светот: Поради високиот коефициент на интелигенција, многумина се сомневаат во исправноста на тестот

Кармин

18/02/2019

10:35

5.150

Големина на фонт

а а а

Мерилин вос Савант е родена како Мерилин Мах, но не го задржала долго презимето на својот татко.

Многу рано почнала да верува дека треба да се задржат предбрачните презимиња па така синот би требало да го преземе презимето на таткото, а ќерката – на мајката. 

Затоа, таа станала Мерилин вос Савант (експерт), што ѝ прилегало бидејќи таа е сепак жена со највисок коефициент на интелигенција. Кога имала 10 години, таа решила два тестови на интелигенција – првиот бил Станфорд-Бинет тестот и вклучувал сет прашања со кои се мерат когнитивните способности низ пет фактори.

Вториот бил Мега тест, дизајниран за да го мери коефициентот на интелигенција над 145. Според овој тест, нејзиниот коефициент изнесувал 186, а според скалата на Станфорд-Бинет бил 228. По кратката анализа, експертите заклучиле дека ова 10-годишно девојче има ментална способност на 23-годишна девојка. Триесет години по тоа, во историјата ќе остане запишана како личност со најголем IQ на светот којa долго го држела тој рекорд и во Гинисовата книга сѐ додека ваквата категорија не била укината во 1990 година.

Но и покрај нејзиниот коефициент на интелигенција без преседан, нејзиното образование било како сите останати – Мерилин посетувала локално средно училиште и работела во работилницата на својот татко. Таа почнала да студира социјални науки, а потоа продолжила да студира психологија на универзитетот Вашингтон од кој се откажала по две години. Кон почетокот на 80-тите години, Савант се преселила во Њујорк и започнала да гради кариера во пишување, работејќи за магазинот Омни, пред да добие работа во неделникот Парејд. Пишувала колумни, а луѓето можеле да ѝ испраќаат прашања на кои таа им одговарала.

Во 1987 година стапила во брак со Роберт Јарвик, еден од дизајнерите на вештачкото срце Јарвик-7. Подоцна станала директор за финансии во Јарвик Харт Инк, а тие двајца тогаш биле познати како најпаметниот пар во Њујорк.


Во текот на годините имало расправа за автентичноста на тестовите кои го мереле нејзиното ниво на IQ, со тоа што моменталните верзии не овозможуваат резултати над 170. За истото зборувала и самата Мерилин вос Савант кој тврдела дека тоа е помалку нејасно подрачје, со оглед дека интелигенцијата не е лесна за мерење. Постојат илјадници фактори кои можат да влијаат врз менталната способност и интелигенцијата, а не сите тестови се доволно опремени за да се соочат со сето тоа.

Мерилин без сомнеж е една, ако не и најпаметната жена на светот, но таа потполно се држела подалеку од рефлекторите на јавноста. Останала сосема обична жена, колумнистка и авторка која објавила неколку книги.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk