И понатаму вежба: Кралицата на фитнесот е во шестиот месец од бременоста, а нејзиниот изглед ги шокираше обожавателите

Кармин

16/01/2019

16:08

3.323

Големина на фонт

а а а

Креаторката на светски познатата програма за вежбање “Bikini Body Guides” и најбогатата млада жена во Австралија – Кајла Итсинес, и покрај бременоста и понатаму напорно вежба и работи на своето тело.

Таа моментално е во шестиот месец од бременоста, а благодарение на својата физичка спрема и телото кое го имала пред бременоста, Кајла може да се пофали само со трудничкото стомаче, без вишокот килограми кои бременоста може да ги донесе. 

Бидејќи е бремена, Итсинес вежба со послаб интензитет од претходно, со полесни тегови и што е најважно – без скокови и други исцрпувачки вежби. Таа во една прилика нагласила дека постојано се грижи за здравјето на бебето и никогаш не би направила нешто несигурно кое би го загрозило неговиот живот.

Кајла инаку по потекло е Гркинка, а нејзината здрава исхрана најчесто се базира на грчката кујна. Таа го запознала својот партнер Тоби Пирс во 2013 година, а парот се верил минатата година.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk