Со провокативни фотографии ја претстави најсексапилната колекција за долна облека

Кармин

10/01/2019

16:13

1.835

Големина на фонт

а а а

Само една недела откако најави лансирање на колекцијата на коректори за лице во дури 50 нијанси во склоп на својот козметички бренд Fenty Beauty, Ријана ја претстави и својата нова секси линија на долна облека.

Колекцијата е наречена Valentine's day и ја прикажа на својот Инстаграм профил со две фотографии на кои позира во предизвикувачки розов комплет со стратешки сместени детали во облик на срце, а целосниот изглед го надополни со црвени ракавици и драматично венче за коса со перја. 

Сексапилните фотографии на пејачката ги "запали" социјалните мрежи и многумина се согласиле дека ова досега е нејзината најсексапилна колекција на долна облека и дека Ријана никогаш не изгледала подобро.

Она што е за пофалба е дека Ријана и во новата колекција ги слави различните видови на тела, па долната облека е прилагодена за жени со различни облици и величини, а тоа го докажа со моделите кои ги ангажирала за кампањата која ја претстави на официјалниот Инстаграм профил на брендот Savage x Fenty.

Покрај долната облека, колекцијата вклучува и некои модни додатоци како црвен камшик и веќе е пуштена во продажба, па снабдете се со омиленото парче до Денот на вљубените.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk