“Најсекси баба на Инстаграм”: Писано ја открила тајната на својот младешки изглед

Кармин

16/04/2018

14:42

4.984

Големина на фонт

а а а

Жаклина Беридо Писано е позната и како “најсекси баба на Инстаграм”.

Писано има 50 години и две внуки, а на својот Инстаграм профил таа секојдневно докажува дека нејзиниот стил со годините станува сè подобар. Таа вели дека нејзиниот стил е мешавина од најдобрите стилови кои ги “украла” од нејзиното живеење во Полска, Швајцарија и Франција. 

Дека нејзиниот моден вкус е исклучителен, потврдуваат и 400-те илјади обожаватели кои секојдневно ја опсипуваат со лајкови и коментари на Инстаграм, а за стилот на Писано пишувал и британскиот “Daily Mail”.

Иако многумина сметаат дека Жаклина Беридо е модел, таа никогаш не запливала во манекенските води туку работи како консултантка на меѓународни проекти за инфраструктура и туризам.

Модата ја гледа како бегство од секојдневието, а во едно неодамнешно интервју таа открила и која е тајната на нејзиниот младешки и беспрекорен изглед.

“Јадам многу овошје и пијам многу вода, не пушам цигари и не консумирам алкохол. Од својата 10-та година вежбам секој ден по 45 минути, а ја негувам и својата душа”, раскажала оваа атрактивна “баба” која под секоја фотографија го става хаштагот #grandmotherwholovesfashion односно “баба која ја обожува модата”.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk