Македонската стилистка која ги спојува убавината и хуманоста: Љупка Арсовска покрена акција за девојче болно од рак

Точка

23/01/2018

09:34

9.232

Големина на фонт

а а а

Неколку недели по отворањето на нејзиниот салон “Âme Salon” во Енглвуд, македонската стилистка Љупка Арсовска ја скрати својата долга коса за хуманитарни цели.

35-центиметри долгата коса стана првата од петнаесетте донации за изработка на перики за деца кои страдаат од губење на косата. 

“Ја скратив мојата коса за да ја подигнам свеста кај луѓето да започнат да ја донираат косата наместо да ја скратат и да ја фрлат”, вели Арсовска. “Тоа е најмалку што можеме да направиме”.


Љупка започна со својата хуманитарна работа пред 15 години, кога во Македонија отвори неколку салони за шминка и фризура преку кои собираше пари за лицата кои се болни од рак.

Сега таа живее во Њу Џерси со нејзиниот маж, фотограф за “The Record” и “NortJersey.com”, а Арсовска неодамна го привлече вниманието на локалните медиуми со акцијата за собирање пари за деветгодишната Биле Пешевска, која боледува од тумор на мозокот.

Таа преку свој клиент дознала за Биле која живее со нејзиниот самохран татко, а нејзината тажна судбина ја натерала Љупка да го контактира семејството и да ја понуди својата помош.


Целта е да се соберат 10 илјади долари преку акцијата “GoFundMe”, кои се потребни за операција и хемотерапија на малата Биле, а досега се собрани над 3 илјади долари.

Хуманоста на Љупка кон децата уште повеќе се зголемила кога таа го родила својот син Адријан во Хакенсак, во 2016 година.

“Станав малку луда”, вели Арсовска. “Сакав самостојно да му помогнам на секое дете на кое што можам и тоа постојано пробувам да го правам со мојот салон”.

“Âme Salon” нуди бесплатни фризури за секој кој ќе се понуди да ја донира својата коса и обезбедува бесплатни консултации и услуги за деца кои страдаат од губење на косата поради различни причини.

Љупка вели дека бара локален произведувач на перики со кој би можела да ги здружи своите сили за изработка на перики за децата на кои тие им се потребни. Според организацијата “Locks of Love”, потребни се шест до десет плетенки за да се направи една перика.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk