Георгина Родригез се вмешала во сè поголемиот конфликт меѓу нејзиниот партнер Кристијано Роналдо и селекторот на Португалија, Жорже Жезус, упатувајќи остра критика кон Жезус преку својот профил на Инстаграм.
Меѓутоа, неколку минути подоцна ја избришала објавата.

Имено нејзиниот коментар беше објавен вчера и се состоел од измислена изјава што му била припишана на Сер Алекс Фергусон, поранешниот тренер на Роналдо во Манчестер Јунајтед.
„Ако Жорже Жезус длабоко во себе знаел дека нема намера да го користи (Роналдо), зошто воопшто го повикал? За да заземе став? Тоа не е авторитет, туку недостаток на доверба“ објавила Георгина додавајќи: „Не знам како овој човек го носи Христовото име“, што била јасна прозивка на сметка на презимето на тренерот, Жезус.
Објавата беше избришана само неколку минути подоцна, откако предизвика бран негативни реакции.
Португалскиот весник „А Бола“ ја пронашол оригиналната објава и утврдил дека потекнува од страницата „Hispanic Sports Media“.
Ниту еден веродостоен извор не ја потврдил изјавата што му се припишува на Фергусон, ниту пак таа била објавена од некој од водечките европски медиуми.












