Сколс не се сложува со Руни во дебатата за скандалот со Сити: Си го сакам медалот

Дерби

04/10/2026

12:48

260

Големина на фонт

а а а

Скандалот со потврдените финансиски малверзации на Манчестер Сити донесе и дебата во англиската јавност околу евентуалното одземање трофеи на премиерлигашот, но и околу тоа дали тие треба да им се доделат на ривалите кои биле зад нив во поредокот.

Неколку поранешни играчи, меѓу кои и Вејн Руни јавно кажаа дека Сити треба да биде казнет, но без медалите и трофеите да бидат пренасочени кон други клубови, но со тоа не се сложува Пол Сколс.

Легендата на Манчестер Јунајтед преку социјалните мрежи истакнал дека не се согласува со сонародниците и сака да биде промовиран во шампион по казната за Сити. Се работи за сезоната 2011/12 во која Јунајтед заврши на второто место зад градскиот ривал.

– Постојано ги слушам моите поранешни соиграчи дека сакаат Сити да ги загуби трофеите, но тие не сакаат да ги добијат медалите на таков начин.

– Не се согласувам, јас сум „алчен“, си го сакам медалот, – рекол Сколс, кој на оваа тема се согласува со Рио Фердинанд, кој исто така нема ништо против да си ја зголеми колекцијата медали.