Шпанија вчера ја победи Чешка во уште еден успешен настап во Лигата на нации, а Ламин Јамал беше фудбалерот кој го постигна првиот гол на средбата и тоа на атрактивен начин.
Фудбалерот на Барселона првпат во репрезентативната кариера постигна гол на три средби во серија, а комплименти за неговите настапи доби и од селекторот Луис де ла Фуенте.
– Ламин никогаш не престанува да не изненадува.
– Поседува толку голем талент и квалитет, има уште многу што да понуди и постои долг пат додека го видиме најдобриот Јамал, иако постојано прави крупни чекори.
– Ламин е на пат да стане фудбалска легенда, – рекол Де ла Фуенте, кој се фаќаше за глава по атрактивниот гол на Јамал.







