Аргентина испорача седум погодоци во мрежата на Буркина Фасо, на натпреварот кој се играше во Буенос Аирес, а помина во знакот на проблемите кои ги имаше гостинската репрезентација.
Авионскиот лет на африканската селекција од Мароко до Аргентина бил откажан поради технички причини, па репрезентативците на Буркина Фасо пристигнале во аргентинската метропола на пет часа пред натпреварот.
Згора на тоа, дел од најискусните и најквалитетните играчи го откажале настапот поради замор и повреди, па Аргентинците се соочиле со подмладена репрезентација, која не можеше да даде и поголем отпор на избраниците на Лионел Скалони.
Аргентинците добиле пенал уште на стартот, Лаутаро Мартинез не го реализирал, но погодил од одбиената топка, четири минути подоцна гостите постигнале автогол, а до крајот на полувремето Аргентина реализирала и преку Престијани, Паз и Алварез.
Мастантуоно и Симеоне постигнале по еден гол во вториот дел, за конечни 7:0, како последно загревање за дуелот со Бенин, кој ќе биде проштален настап за Лионел Меси во националниот тим.







